Девизните резерви надминаа 1,7 милијарди евра

Bez autora
Sep 30 2010

Бруто девизните резерви на Република Македонија на крајот на август достигнале 1, 71 милијарди евра, што е за 121,2 милиони евра повеќе во однос на истиот месец лани. Ова денеска било констатирано на редовната седница на Советот на гувернери на Народна банка на Македонија (НБМ), на која се разгледа повеќе прашања најновите макроекономски движења. НБМ банка продолжила да ги инвестира девизните резерви во државни хартии од вредност и во краткорочни депозити кај странски централни банки на земји коишто имаат високи кредитни оцени и водат прудентни макроекономски политики, при што се остварени и дополнителни приход. Конзервативниот пристап и високото ниво на сигурност на инвестираните девизни резерви се покажаа како соодветен избор, во услови на зголемена нестабилност на меѓународните финансиски пазари и неизвесност за идните макроекономски движења. Вкупните приходи од девизните резерви изнесуваа 12,4 милиони евра и се во планираните рамки.

Девизните резерви надминаа 1,7 милијарди евраБруто девизните резерви на Република Македонија на крајот на август достигнале 1, 71 милијарди евра, што е за 121,2 милиони евра повеќе во однос на истиот месец лани.

Ова денеска било констатирано на редовната седница на Советот на гувернери на Народна банка на Македонија (НБМ), на која се разгледа повеќе прашања најновите макроекономски движења.

НБМ банка продолжила да ги инвестира девизните резерви во државни хартии од вредност и во краткорочни депозити кај странски централни банки на земји коишто имаат високи кредитни оцени и водат прудентни макроекономски политики, при што се остварени и дополнителни  приход.

„Конзервативниот пристап и високото ниво на сигурност на инвестираните девизни резерви се покажаа како соодветен избор, во услови на зголемена нестабилност на меѓународните финансиски пазари и неизвесност за идните макроекономски движења.

Вкупните приходи од девизните резерви изнесуваа 12,4 милиони евра и се во планираните рамки“,се вели во извештајот.

Според НБМ, ваквите трендови на девизниот пазар оваа година се резултат на значајното намалување на  дефицитот на тековната сметка на билансот на плаќања кој во првата половина на годината изнесуваше 1,7 отсто од БДП, наспроти 6,6 отсто од БДП во истиот период минатата година.

„Во банкарскиот сектор во август 2010 година беше забележан висок раст на вкупните депозити на месечна основа, со што целосно беше надоместен одливот на депозити од банкарскиот сектор заради исплата на дивиденда на една компанија во јули.

Со тоа, годишната стапка на раст на вкупните депозити во август изнесуваше 13,5%, при регистриран поинтензивен пораст кај денарските депозити“, се вели во соопштението.

Согласно растот на депозитниот потенцијал, годишната стапка на раст на вкупните кредити на банките продолжи да се интензивира од 6 отсто во јули на 7,1 отсто во август.

Трендот на намалување на  каматните стапки на кредитите кој започна од почетокот на оваа година продолжил и во јули, при што месечното намалување во јули е со најголем интензитет во изминатиот период од годината. Пондерираната каматна стапка на банките на одобрените кредити во јули изнесува 9,2 отсто.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik